| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден осумгодишен пешак во Охрид

Вчера во 17.40 часот во Охрид на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил ,,голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (41) од Охрид удрило во осумгодишно момче од Охрид.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето, кое било пренесено во Општа болница Охрид. По извршениот преглед и по укажаната лекарска помош бил препратен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“ Охрид.

За настанот бил известен Јавен обвинител.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top