Старата добра преговарачка тактика на империјалистичките сили – „морков или стап“, е веќе одамна етаблирана во меѓународните односи, кога е потребно да се обезбеди одредена позиција за реализација на предвидениот интерес. Резултатот на оваа игра е секогаш однапред познат, но во името на процедурата, хуманиот импресум и, конечно – зачувувањето на дигнитетот на хегемонот, секогаш се иницира некаков дуализам, некаков избор, кој по секое „виткање кичма“ на субјектот, се менува, се додаваат нови и нови барања, додека работата не се заврши со задоволување на сите поставени барања и отстапени интереси, до капитулација, а понекогаш и до своеволно самоубиство. Политичко, и секакво поинакво општествено себеуништување.
Оваа практика со децении постојано ја гледаме на меѓународната политичка сцена, ја видовме и ние неколку пати на најфлагрантен начин и во нашата татковина, а ја гледавме и последниве неколку години во форма што стана толку очигледна и дрска, што секој нормален човек би помислил дека целата политичка етикеција и дипломатичност исчезнале во бескрајот на космичката комплексност, а пред нас беспоговорно се појавува грозен и гротескен циркус, во кој група мајмуни ги черечат и последните парчиња пристојност.
Тука, главно, доминира стапот, овие мајмуни се безмилосни и силно наклонети кон насилството и перверзијата. Дури и морковот тука добива улога на стап, поточно, предмет за тортура на одбраната жртва, посебно кога мачителот ќе фати да му го набива морковот на маченикот во ректум или во уво, на пример.
Волјата за моќ на овие метафорични мајмуни нема граници, тие се подготвени на сѐ, на секакви перверзни зафати и мачења, само за да ја остварат својата волја. Една сосема нема и анимална тенденција на инфериорната свест, потхранета со непримерна моќ. Тоа е претстава на најекстремната можна тиранија.
И, одеднаш, стравотно радикална промена во миг. Шок и лудило, неверување, а и констернација. Одеднаш гледаме како шимпанзото што удираше стапови по грбот и по главата на македонската држава и ѝ набиваше морков во анусот, притоа громогласно смеејќи се со уста растегната од уво до уво, како одеднаш губи сила, се вкочанува и излегува од функција.
Дали батериите му се потрошиле или, можеби, нешто му се слошило – ако не е биоробот, туку природно суштество, забегано по некаква злобна прокоба во водите на меѓународната политика, секако, во службата на Вујко Сем, како што тоа најчесто бива.
Всушност, тоа се сменил сопственикот на циркусот и сега глутницата шимпанза и нивните проекти не се веќе во игра. Отпуштени се и шутнати назад во џунглата на асфалтот, од каде што и дојдоа за да се изживуваат врз другите човеколики мајмуни, тие што живеат во земјите од третиот свет и кои никогаш не можеле да бидат ривали во големата игра, наречена – „морков или стап“.
Сега на глутницата шимпанза им останува да се соочат со последиците од своето беззаконие, а најмногу со фаталните последици од нивната компромитација на големата сила, која реши да го поправа својот имиџ на светската сцена: место конфликти, да креира соработка, место анимозитети – дружевност и синергија, место омраза и понижувања – културна соработка и активна мирољубива коегзистенција.
Очигледно, се работи за еден сосема поинаков сопственик на циркусот. Овој чудесен стопан, кој фуриозно се појави на „сцената што значи живот“, е во сѐ спротивен во однос на поранешниот стопан, кој, еве, полека си го фати патот кон историјата.
Но му остануваа соработниците на теренот, стариот стопан мораше ненадејно да го отстапи циркусот, едноставно – акционерите од базата, американскиот народ му ги даде ингеренциите на сосема нов и сосема поинаков газда.
Овој нов газда нема никаква милост и разбирање кон сите тие кодоши, кои останаа на теренот, заглавени во разните проекти на менување власт со уцена и со насилство. Но сега сето тоа е готово.
Останаа разни ситни доушници, марионети, стаорци, глувци и зајци, сосема без покритие и заштита. А требаше да биде сосема поинаку. Хилари да го победи Трамп, а потоа со парите на Сорос и со помош на интернационалната терористичка агентура да се устоличат. Со чадорот на моќта да се посеат по просторот и повторно да се вратат во одамна загубените позиции на општествен паразитизам.
Но, ете, не им се посреќи. И сега се сами и уплашени.
Сега, тие што беа малтретирани во последниве години, повторно се вратија во игра. На голема врата, толку голема, што и самите сѐ уште не можат да сфатат. Сѐ уште се инхибирани, така, по инерција. Но, наскоро ќе сфатат, интелигентни се и многу работливи, што се покажа во изминативе години, пред да бидат нападнати од шимпанзото со чадор и неговиот збеснат зајак. Сега чадорот си отиде. А зајакот? Тој сѐ уште го сонува морковот… а стапот станува сѐ пореален.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.