| четврток, 6 декември 2018 |

Божиноска со европско сребро во кикбокс

kik-boks

Македонската репрезентативка во кикбокс Марија Божиноска освои сребрен медал на Европското првенство за сениори, кое се одржува во Лутраки, Грција. Таа во дисциплината киклајт до 70 килограми во финалето беше поразена од полската репрезентативска Катарина Киваржик со резултат од 3-0. За Македонија на шампионатот ова е трет медал, воедно прво сребро откако пред Божиноска со бронзата пред тоа се закитија Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.

Околу 15 часот, последниот наш репрезентативец Милан Кубин ќе настапи во финалето на дисциплината киклајт до 89 килограми каде што Македонија има нова можност да дојде до златен медал од ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top