| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата за големоалбанството го задуши Милчин

Вистината го задуши Милчин. Таа како куртон полн со отров место со боја му се сипала в грло кога одекна веста за вистината зад неговото одликување. Затоа и реагира, божем невино, а со наредба до медиумските спонзорџии јавно да го пренесат и исперат.

На Хашим Тачи, претседателот на Косово, во предвечерието на 108-годишнина од албанската азбука му текна на Милчин и на неговите претстави во Приштина во 1984 година, 1985 и 1986 година. Па спомнувајќи си на таа прекрасна атмосфера на Косово додека удбашкиот шпион Милчин режирал нережимски социјалистички театарски претстави, си рекол „мора да му дадам медал!“

milcin-hasimКому Милчин денес му продава пуфки дека Тачи го одликувал за театарски претстави по таков говор при одликувањата?

Зошто, доколку оставил на Косово „толкав“ впечаток, Милчин не беше одликуван „за културата“ од Ибрахим Ругова, кој, можеби, и ги следел претставите? Или потоа од Фатмир Сејдиу? Еве, ако не, барем од Атифете Јахјага, на пример?

milcin3Зошто сега и зошто Хашим Тачи, познат како Командант Змија? Со што толку Милчин го импресионирал Тачи, обвинет од Карла дел Понте за трговија со човечки органи  и осомничен од Советот на Европа за малтретирање Срби и Роми, за да го награди?

Ниту годинава е некој јубилеј од Албанската азбука, ниту, пак, е јубилеј од Косовската независност; ниту, пак, волшебните претстави, кои „го поттикнале будењето на Косово“ на Милчин, имаат некој датум што би се врзал со оваа 2016 година.

milcin1Да се потсетиме каков говор одржа Тачи со оценката дека  УЧК е најважниот национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20 век“. А тоа, посочува Тачи, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците што го дадоа животот во правичните битки на ОВК, за тие што се бореа и кои дале отпор во нејзините редови – додава Хашим Тачи, а е пренесено на три јазици на официјалниот портал на косовскиот претседател.

Вистински говор при доделување орден за културни достигнувања.

281425Според Милчин, што би требало да пишува на плакетата за да се потврди вистинската причина за одликувањето, „Благодарам што сега ја ширите идејата за големоалбанството“?

1431871672572399-520x320Вистинската причина за која сега Милчин добива награда е успехот да наплати доволно за креирање претстава за општество во кое албанското прашање во Македонија повторно се отвори.

protest-sdsm-golema-albanijaПритоа не со некој минорен играч, туку со заземање на цела една партија, цел СДСМ за свој истурен залагач.

screenshot-10-1-520x270И сето тоа пред падот на чадорот. И сето тоа пред големиот пораз на главниот заштитник на албанското прашање, семејството Клинтон и патронот Сорос во САД.

Оттука, Милчин за себе да си ги зачува куртоните, играчките на неговата ЛГБТ платеничка групација. Куририте и натаму ќе ја пренесуваат вистината зад сето тоа што тој и неговите поданици се обидуваат да го скријат.

Сè додека платениците, а нив ги има многу, работат против својот народ и нација, против својот јазик и држава, куририте ќе ја пренесуваат вистината.

Вистината како куртон-отров ги дави само лажговците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top