| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на „Сантијаго Бернабеу“, Герет Бејл ќе биде опериран?!

geret-bejl

Во текот на вчерашниот ден, Реал Мадрид ги потврди најцрните прогнози на Зинедин Зидан и соопшти дека повредата на Герет Бејл е многу посериозна од што првично се чинеше, но сега од шпанската престолнина пристигнаа уште позастрашувачки информации кои велат дека Велшанецот може многу подолго да отсуствува од терените.

Тоа што е сигурно, Бејл нема да игра фудбал до почетокот на новата 2017 година со оглед на фактот што во нормални услови, изместувањето на зглобот бара пауза од четири до шест недели, но сега од лекарскиот тим на Реал се разгледува уште една опција која често знае да се примени при вакви повреди.

Типот на повреда која ја заработи Бејл во некои случаи знае да се реши со оперативен зафат со цел зглобот комплетно да се врати на природното место, па токму ова е она што го разгледуваат првите лекари на Реал кои може да се одлучат и за оваа посигурна, но временски гледано, подолга опција.

Конечната одлука се очекува да биде донесена во текот на денешниот ден, но во случај лекарите на „кралскиот клуб“ да се одлучат за посигурната која опфаќа хируршка интервенција, тогаш Бејл ќе отсуствува од терените во период од два до два ипол месеци, а не од четири до шест недели како што беше првично информирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top