| четврток, 6 декември 2018 |

Торино се заштитува, потпишува нов договор со Белоти со неверојатна клаузула

Многу европски клубови пројавија сериозен интерес за еден од најдобрите италијански фудбалери во овој период, Андреa Белоти, кој моментално настапува за тимот на Торино.

Сепак реководството на калчолигашот сака да го „бетонира“ договорот со овој фудбалер, ако постоечкиот завршува по крајот на сезоната 2020 година. Причината е јасна, а таа е Белоти да не може да ги напушти „биковите“ за сума помала од неверојатни 94 милиони евра. Голгетерот со новиот договор кој ќе има важност до 2021 година со годишна заработувачка од три милиони евра.

Оваа клаузула сигурно ќе биде голем проблем за богатите премиерлигаши кои го сакаат Белоти во своите редови. Пред неколку денови Мурињо изјави дека во Италијанецот гледа идеално решени за иднината на нападот на Јунајтед, но тешко дека ќе се осмели да издвои толкава сума на пари.

Белоти оваа сезона на 11 меча во Серија А постига 10 гола, додека за италијанската репрезентација трипати се запиша во листата на стрелците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top