Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 2, Трајко Вељаноски денеска ја посети Јавната здравствена установа „Геронтолошки Завод 13 Ноември“ во Општина Ѓорче Петров и воедно оствари средба со здравствените работници.
На средбата Вељаноски ги презентираше дел од мерките и проектите од новата изборна програма на Коалицијата за подобра Македонија „Реално“, кои се однесуваат на модернизација на здравството во следните четири години.
Предвидено е дополнително инвестирање во носечките столбови на квалитетен здравствен систем, здравствената инфраструктура, набавка на најсовремена медицинска опрема, унапредување на знаењата и вештините на медицинскиот кадар, како и унапредување на здравствената заштита на секој граѓанин во државата.
Вељаноски истакна дека унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги е еден од врвните приоритети на ВРМО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.