УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица денес промовираше два проекти од програмата „Реално“. Проектот ораторски вечери за млади кој е веќе традиционален ќе биде продолжен, а со цел промоција на спортските вредности и здравиот начин на живот предвиден е проектот Државен аматерски турнир во мал фудбал.
Во продолжение во целост нивното соопшение:
Ми претставува задоволство во оваа прилика да објавиме дека програмата на ВМРО ДПМНЕ – Реално која е целосно насочена кон младите и е документ кој ја гарантира идината на младите и на татковината Република Македонија.
Нашата програма предвидува бројни проекти кои ќе се реализираат во претстојниот мандат на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ насекаде низ Македонија, во регионот и општина Струмица.
Денеска, ви претставуваме два поголеми проекти во насока на поддршка на младите луѓе во Македонија.
Проектот ОРАТОРСКИ ВЕЧЕРИ ЗА МЛАДИ ќе ги подобри говорничките способности на младите. Заинтересираните млади оратори ќе може да се пријавуваат на јавен повик за одредени теми, а најдобрите ќе бидат одбрани од страна на стручна комисија составена од професори по комуниколошки науки, лингвисти, македонисти, политиколози. Овие настани ќе се одрќжуваат во кул- турните домови, општинските сали, а најдобрите ќе добијат соодветни награди. За овој проект програмата предвидува издвојување на 300 000 денари.
Продолжува и традицијата на организирање меморијални и традиционални турнири во мал фудбал скоро во сите населени места низ државата. Во таа насока е и проектот ДРЖАВЕН АМАТЕРСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ кој ќе се реализира во 100 повеќенаменски игралишта кои владата на ВМРО ДПМНЕ ги изгради во изминативе неколку години. Суштината и целта на турнирите ќе биде дружењето, промоцијата на спортските вредности и здравиот начин на живот. За него програмата предвидува солиден број на средства.
Претходно, како големи проекти кои ги најави претседателот Никола Груевски, а кои се однесуваат и на Струмица се и проектите за отворање на читална, фитенс зона и нови кошаркарски терени.
Ова денеска го промовираме помеѓу младите од Струмица кои се разочарани од ветените а неостварени проекти на локалната самоуправа предводена од Зоран Заев кој и овојпат на предвремените парламентарни избори ветува работи за кои и самиот е сигурен дека нема да ги реализира.
ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020 предвидува уште многу проекти и мерки за младите во Македонија. Проекти кои ќе придонесат за поголеми можности за образование и работа, како и за подобрување на квалитетот на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата