
Ракометните репрезентации на Македонија во иднина ќе носат опрема од познатиот светски бренд „хумел“, откако раководството на РФМ постигна договор со претставниците на оваа компанија, а првиот дел од опремата е веќе пристигнат во нашата земја.
Македонија долго време настапуваше со опрема на „Ли нинг“, за неодамна да биде направена промена, па последните неколку средби нашите ракометари ги играа во дресови на „Јако“ како привремено решение. Сепак, договорот со „Хумел“ претставува долгорочно решение на овие дилеми, па македонските репрезентативци во дресови на овој познат ракометен бренд ќе настапат на претстојното Светско првенство што во јануари ќе се одржи во Франција.
Во опрема на „Хумел“ ќе дебитираат ракометарките, кои во месец декември ги очекува претквалификацискиот турнир за СП против Фарските острови, Исланд и Австрија.
Само за потсетување, заштитно лице на „Хумел“ со години наназад е најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


