| четврток, 6 декември 2018 |

Брвеница му се освети на Петре Камај за синовите што загинаа во Диво Насеље

Петре Шилегов, по мај мината година кај народот познат и како Камај Камај, вчера беше во посета на Брвеница, која во терористичкиот упад на 9 мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље загуби двајца синови. Во тоа време Шилегов се шегуваше на својот Фејсбук профил, пост кој налути многумина и не остана незаборавен.

Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:

shilegov-kamaj-640x236

„Како мал не му давале да си игра ‪#‎камај, па сега мора тоа да го изживее.

Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.

Тогаш на фатениот му се се викаше ‪#‎жив…“

Шилегов тогаш се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.

Оваа несолена и сурова шега на Петре Камај, кој ја реализира антимакедонската агенда на својот лидер Зоран Заев, за редефинирање на државата, вчера беше сурово казнета од жителите на Брвеница.

divo-naselje-policajci

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Имено, Шилегов бил избркан од страна на жителите и локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.

Во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а четворица од осумтемина загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица, во која носител на листата е Петре Шилегов.

Изминатите денови Заев, покрај тоа што на Македонците им кажа дека се грди, а тие му одговорија дека се „грди“, но горди, на јавноста експлицитно ѝ одгатна зошто се случи „Диво Насеље“. Во една од телевизиите каде што лидерот на СДСМ беше поканет на дебата, еден од неговите соговорници го праша дали ќе се случеше „Диво Насеље“ доколку ВМРО-ДПМНЕ поднесеше оставка за три дена по објавувањето на бомбите, како што очекувале во СДСМ, Заев одговори дека доколку поднела оставка, немаше да се случи „Диво насеље“. Овој одговор е признание за тоа зошто се случи „Диво Насеље“ и кој стоеше зад тоа. Значи, случувањата во „Диво Насеље“ зависеле директно од давањето оставка на Владата. А, кој бараше оставка? Сигурно ВМРО- ДПМНЕ не си бараше оставка сама на себе, оставка бараше СДСМ и тука е признанието. Доколку нема оставка, ќе има пукање, ќе биде војна, како што разговараа во еден разговор блиските соработници на Заев, а кој имавме можност да го видиме сите, оставка немаше и следуваше пукање кое требаше да прерасне во нова војна во Република Македонија.

kol220-srbov-3

Планот да се извршат симултано неколку напади во кумановскиот регион, по што требало да се покрене војна, исто како што беше симултаниот напад на полициската станица во Теарце и на возот Скопје-Кичево, по што следуваше Танушевци и почна војната во 2001 година, беше спречен од безбедносните сили на Република Македонија, кои пожртвувано ја спасија државата од нова војна и од поделба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top