| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓе Дреновац е избран во идеалната петорка на колото во АБА-лигата

Одличната партија во петочната победа над ФМП на Ѓорѓе Дреновац му донесе место во најдобрата петорка на 10. коло во АБА-лигата. Српскиот интернационалец средбата против гостинот од Белград ја заврши како втор стрелец во рундата со 24 поени, а имаше и три скока и една украдена топка што му донесе 25 индексни поени.

Дреновац се враќа по подолго отсуство поради повредата на ципите на левата нога и дека многу брзо ќе биде оној стариот од минатата сезона, која ја заврши како најдобар стрелец на аеродромци во регионалното натпреварување.

Меѓу најзабележителните во 10. коло се најдоа уште Марко Симоновски, кој е четврти по процентот на успешно упатени удари (71,4%) и Сулејман Диабате, кој го дели второто место на листата најдобри „крадци“ со три освоени топки на средбата со ФМП.

Најдобар играч на колото е кошаркарот на Цедевита, Лука Бабиќ, а во најдобрата петорка покрај Дреновац место обезбедија уште и Драшко Албијаниќ (Игокеа), Милко Бјелица (Ц. Звезда) и Раде Загорац (Мега Лекс).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top