Вандали во Струмица доцна синоќа почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“.
По пример на вандалите кои во Скопје ги сквернавеа спомен-обележјата, платените хулигани во Струмица го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е носител во четвртата изборна единица.
Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Нивните излози настрадаа, а денес жестоки реакции има и од сопствениците и од струмичани. Тие велат дека во ваква валкана кампања не смее да се влегува и дека поразот мора достоинствено да биде прифатен.
Во текот на денешниот ден случајот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи, а се очекува техничкиот министер Оливер Спасовски, кој е генерален секретар во СДСМ и носител во ИЕ 2, да врши притисок врз началникот на струмичката полиција за инцидентот да биде веднаш расветелен.
Неофицијално, во близина постои безбедносен видеонадзор и не би требало да биде проблем за струмичката полиција да ги открие вандалите доколку постои политичка волја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.