Едвај 4000 присутни на првиот митинг на опозицијата која реши кампањата да ја почне од Прилеп.
Пред присутните говореше лидерот на СДСМ Зоран Заев Зоран Заев, кој на почетокот на обраќањето го повика неговиот ривал Никола Груевски да се сретнат на ТВ дуел.
–Го започнуваме нашиот митинг во револуционерен град. Во Прилеп победуваме! Никола Груевски те повикувам на Тв дуел за да те прашам се што не можев да те прашам за Вистината на Македонија. Да дадеш одговор после овие 10 години пустошење на Македонија.Но нема да прифати и ќе продолжи да бега. Но, нема каде да оди. Сите здружени сплотени ќе го запреме. Ќе го запреме режимот – порача Заев пред насобраните прилепчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.