| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Заев не успеа да ги излаже Македонците, па сега ги лаже Албанците

Заев не успева да ги излаже Македонците, па сега се обидува да ги излаже Албанците. На Заев веќе никој  не му верува, истакна на митингот во Охрид Антонио Милошоски, носител на листата за петата изборна единица на „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ . Тој вели дека очекува победа како во 2014 година и за сите места од овој регион има конкретни проекти.

Досега се броеја фабриките што ги затвори СДСМ, а сега има реални фабрики во кои работат луѓе. Затоа е подобро да имаме стабилна Македонија, отколку политички кризи – рече Милошоски, кој потсети дека ветеното се остварува.

– Она што го ветивме и го остваруваме, се гради автопатот Кичево-Охрид, а ќе се гради и Гостивар-Кичево. Досега се броеја фабриките што ги затвори СДСМ, а сега има реални фабрики во кои работат луѓе. Затоа е подобро да имаме стабилна Македонија, отколку политички кризи – рече Милошоски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top