| четврток, 6 декември 2018 |

Пајташите на Заев сакаат уште: „Струмица гас“ бара обновување на лиценцата

Компанијата „Струмица гас“ поднела барање до регулаторната комисија за енергетика со кое бара да ѝ се продолжи лиценцата за снабдување со природен гас во наредните 10 години.

Освен што го доставиле до регулаторот од Јавното претпријатие Струмица гас барањето го огласиле и во нивните партиски гласила.

Дневниот весник „Вечер“ минатата недела ги разоткри шемите на Заев со оваа државна компанија, која доделувала тендери на партиски фирми на СДСМ.

Во 2016 година = 600.000 евра, во 2013 година = 1.920.000 евра, а во 2011 година = нема податоци. Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ – Си-Ен-Џи Системс ги добила од јавното претпријатие „Струмица гас“, како ексклузивен добавувач за гас за Струмица. Вечер дојде до овие податоци пребарувајќи преку сите достапни бази на податоци на интернет.

Интересно е што Општина Струмица досега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи, тендерот го добила фирмата на функционерот од Бихаќка. Без тендерот во 2011, за помалку од 3 години, фирмата на Митко Андреевски, од сметката на Општина Струмица инкасирала, неверојатни 2,5 милиони евра, пари на граѓаните.

Од Струмица гас, општинското претпријатие на градоначалникот Заев потврдија дека сите тендери за набавка на гас, ги добила фирмата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.
Дали Струмица гас ќе добие обновување на лиценцата од страна на регулаторот, останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top