| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС одговорна за нападот во Кабул

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот самоубиствен напад во шиитска џамија во Кабул, во кој загинаа 32 лица, а десетици се повредени.

Мисијата на ОН во Авганистан соопшти дека „овој ужасен напад претставува злосторство“.

Според тврдењето на мисијата, 50 луѓе се повредени, меѓу кои има голем број деца, додека западните медиуми објавуваат за 64 повредени лица.

Нападот се случил за време на паузата за ручек во џамијата „Бакир ел Улум“ во западниот дел на авганистанскиот главен град. Напаѓачот влегол меѓу верниците и потоа ја активирал бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top