Дрогата Каптагон, која што се нарекува и „џихад дрога“ била пронајдена во лабораторијата за синтетичка дрога во Тетово. Полицијата заплени 300 килограми од оваа опасна дрога, чии производители постојано го менуваат составот.
Дрогата е слична, но многу посилна од екстазни, односно МДМА, а најмногу ја користеа борците на Исламска држава, поради тоа и се нарекува „џихад дрога“.
Каптагон се произведува во Источна Европа, главно во Чешка и Бугарија, а ова е прв пат да се појави така големо производство на Балканот. Како што објави американската ДЕА, агенцијата за сузбивање на дроги, завршувањето на војната во Сирија ќе го врати производството на оваа дрога на истокот од Европа.
Лабораторијата во Тетово ја водеше Милан Зарубица, кој е нарекуван балканскиот крал на синтетичката дрога. Тој повеќе од 20 години се занимава со производство на илегални дроги чија основа супстанца е МДМА, пишува Б92.
Неговата лабораторија прво се наоѓала во близина на Белград, а потоа производството го проширил и во Македонија.
Прв пат е уапсен во 2003 година и тогаш неговата лабораторија беше прогласена за најголема во Европа за производство на синтетички дроги. Српската полиција го открила во соработка со ДЕА.
Зарубица по професија е лекар, а во текот на деведесетите се занимаваше и со фармацевсткиот бизнис, пишува Блиц.
Тој во бизнисот со лекови влезе во 1996 година по смртта на неговиот брад Горан, кој што беше сопственик на фирмата Ленал НБЦ. По сугестија на неговата мајка тој го презел бизнисот на неговиот брат и брзо се развил. Во моментот на неговото апсење тој се водел како сопственик или ко-сопственик на уште пет фирми за производство или увоз на лекови и фармацевтска опрема.
Додека бил во затвор, Зарубица продолжил со неговиот бизнис. По добиените информации дека и од затвор продолжил со бизнисот, управата на затворот му дала повластен статус и слободни викенди, а на еден од нив бил фатен во производство на дрога. Тогаш Зарубица произведувал синтетичка дрога главно за австралискиот пазар.
Каптагон не е нова дрога, туку тоа е синтетичка дрога базирана на амфетамин, а спаѓа во групата психостимулатори на нервниот систем. Создадена е во почетокот на 60тите години од минатиот век за лечење на АДХД. Денес се поврзува со тероризам, а медиумите пренесуваат дека е пронајдена кај лидерите на терористичките напади во Париз и Тунис.
Според експеротот Славица Вучиниќ Каптагон се нарекува и дрога за супер војници бидејќи се смета дека ја засилува борбеноста, храброста, ја подобрува будноста, го намалува апетитот и уморот, а со акутно предозирање со мали или средни дози доаѓа до екстрема агитираност, агресивност и суицидално однесување, грчеви на мускулите, забрзан срцев ритам и висок притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.