Центарот за односи со јавност на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека се уапсени седум припадници на терористичка ќелија на Исламска држава во Санкт Петербург. Тие подготвувале терористички акти.
Ќелијата била раководена од шефови на меѓународната терористичка организација во странство преку апликацијата „Телеграм“.
Според ФСБ учеснците планирале серија терористички напади на 16 декември во една од култните установи во градот. Тие планирале и убиства на граѓани и детонирање на бомби на места каде што се собираат многу луѓе.
Полицијата при апсењето одзела специјални експлозиви, компоненти за рачни експлозивни направи, автоматско оружје, муниција, екстремистичка литератуира, а уништена била и лабораторија за производство на бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.