Осветлувањето на Ајфеловата кула во Париз од полноќ ќе биде исклучено во знак на оддавање почит на жртвите во денешниот напад во Кабул.
Во денешниот бомбашки напад во Кабул постојано се зголемува бројот на загинати и повредени. Според последните податоци загинати се најмалку 95 луѓе, а повредени над 150, објави Си-ен-ен.
„Инцидентот се случил кога бомбаш-самоубиец возејќи комбе на брзата помош, го активирал експлозивот во моментот кога поминувал крај контролниот полициски пункт“, изјавил за Си-ен-ен портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.
Во близина на експлозијата се наоѓаат и странски амбасади и зградата на владата.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, кои пред само една недела во напад на хотел убија најмалку 20 луѓе, меѓу кои 14 беа странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.