| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ и коалиција срдечно пречекани во ИЕ 2 (видео)

Одличен прием, коментари и поддршка од граѓаните за Изборна програма „Реално“, која беше доставувана до повеќе домови во втората изборната единица.

Изборната програма на 500 страници со проекти и конкретни рокови за реализација во наредните четири години, која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска наиде на одлични коментари и позитивни зборови.

top-realno-3-360x481  Покрај доставувањето на програмата „Реално“, кандидатите за пратеници во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, остварија и директни контакти и разговори со граѓаните.

realno5Инаку, во програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ дел од проектите се за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста.

realno2-640x480И носителот во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска беше на терен и презентираше дел од проектите опфатени во програмата „Реално“, за која рече дека е најобемна и најкавлитетна програма презентирана на македонската политичка сцена и која нуди проекти и решенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top