| четврток, 6 декември 2018 |

Доминација над Ѓоковиќ: Мареј ја завршува 2016-та година на првата позиција

endi marej

Денес од 19:00 часот се одигра финалето на завршниот АТП турнир во Лондон помеѓу Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Мареј како првопласиран на АТП листата одлично му се спротистави и го прегази Новак Ѓоковиќ кој имаше можност да се врати на врвот.

По тешкиот натпревар против Милош Раониќ, шампионот Енди Мареј имаше тешка задача во финалето против Новак Ѓоковиќ.

Шкотот убедливо со 6-3 и 6-4, благодарение на својата одлична игра во два сета успеа да стигне до победата и заслужено ќе ја заврши сезоната на првата позиција на АТП листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top