| четврток, 6 декември 2018 |

Рома „се лизна“ во Бергамо, Фиорентина го прегази Емполи

roma

„Римската волчица“ загуби на гостувањето кај Аталанта со резултат 2-1 и сега заостанува седум бода зад лидерот.

Изминативе неколку сезони, Рома беше тимот кој се обидуваше да му биде ривал на Јувентус во трката за титулата во Серија А, но сепак „волчицата“ ниту еднаш во последните пет сезони не го загрози гигантот од Торино.

Во актуелното првенство помина првата третина, а Рома полека но сигурно го губи чекорот со Јувентус. Тимот од Рим загуби на гости кај Аталанта со 2-1 и остана на 26 бода по 13 средби, што е седум помалку од лидерот Јувентус. Гостите на полувремето имаа предност, но Аталанта со пресврт во вториот дел стигна до триумф.

 Во останатите дуели во италијанската Серија А, Фиорентина убедливо го совлада тимот на Емполи и тоа на како гостин со резултат од 0-4, а Сампдорија во трилер натпревар, успеа до да порази Сасуоло со конечен резултат од 3-2, а сите голови паднаа во второто полувреме.
Останати резултати: Болоња – Палермо 3-1, Кротоне – Торино 0-2, Лацио – Џенова 3:1, Милан – Интер – 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top