Годинава, некако, ќе помине. Но, живот и предизвиците не запираат тука, напротив догодина се почнува од почеток кога се зборува за опстанокот, а се продолжува како и да нема Нова година кога се зборува за плановите и ризците. Па, како да се преживее во 2017 а да не се банкротира? Ова се 20 совети како да се постигне тоа.
Еден од многуте совети е да не се надминува дозволениот минус, зашто каматите се превисоки и скапо чини.
Направете сопствен “стрес тест” Првиот чекор е да проверите дали трошоците ви ги надминуваат приходите. Ако го користите дозволениот минус, а не можете да ги намирите долговите на картичките во месецот кога доаѓаат за наплата, одговорот е – трошите. Во тој случај решението е штедење.
Ако имате кредит вклучете го растот на каматите Во пресметките на расходите треба да се вклучи “простор” за зголемување на ратата, каматите главно се променливи, нека не ве измами моменталниот тренд на намалување на каматите.
Испланирајте ги и трошоците за годишен одмор Ако со семејството одите на зимување или летување, трошокот вклучете го во пресметката на почетокот на годината, како и детсктие екскурзии и излети.
Сметајте на плаќање осигурување и членарини Тоа се годишните полиси за автоосигурување, животно, осигурување на домот или полисата која ја плаќате со станбениот кредит. Тука се и дополнителното и доброволно здравствено осигурување, третиот столб на пензиското осигурување и членарини за картички, детски активности и рекреација
Родендени, годишнини, прослави… Секоја година се на ист датум. Испланирајте колку можете да одвоите за подароци, прослави на детски родендени и ситни задоволства. Фонд за изненадувања и итни интервенции Дефектите на кујнските апарати и на автомобилот, пукнатите цевки… се тоа се ненадејни трошоци. За таа цел треба да издвоите некоја фиксна сума.
Износот на заштедите фиксирајте го меѓу расходите И тоа рамноправно со останатите трошоци. Тоа може да биде и минимална сума, но пожелно е да ја издвојувате за итни ситуации и црн фонд.
Исечете ги непотребните кредитни картички Кога ќе им истече членарината која веќе сте ја платиле, заборавете ги каричките. Оставете една за итни случаи.
Прескапото дозволено пречекорување е луксуз Има поголеми камати од кој било кредит. Ако не можете да се откажете од него, зацртајте износ на месечни смалувања или заедно со другите картички заменете го со готовински кредит. Дури и каматите на кредитот се пониски. Кредит со таа намена одобрува и осигурувањето
Ако имате полиса на животно осигурување, земете заем од осигурувачот. Поповолен е, каматите се околу 6 отсто. Одбитоци за децата и за издржуваните членови префрлете ги на сопружникот кој има поголеми примања, се исплатува.
Никогаш не доцнете со ратите, скапо е Посебно ако постојат затезни камати, трошоци за опомена и казни… Ако доцните со ратата за кредитот во банката, можете да сметате на намалување, па дури и укинување на лимитот за дозволено пречекорување, одземање на кредитните картички.
Плаќајте со готовина и со дебитни картички Често готовината донесува попусти, а со намалување на бројот на картичките пониски се и трошоците за членарина, провизии. Ако веќе морате да платите на рати, проверите дали се нуди и за кои картички бескаматно плаќање.
Ако купувате на намалувања, носете список и не излегувајте од рамката.
Префрлете што повеќе сметки на траен налог Комуналиите и останатите режиски трошоци плаќајте ги и преку интернет. Штеди време и пари за провизии.
Ако купувате карти или слободна за јавен превоз попусти се добиваат на полугодишна или годишна карта Дел од трошоците можат да се заменат со пешачење или користење велосипед.
Укинете го ручекот на работа или доставата. Оброците може да се подготват и дома и да се носат на работа. Поевтино е и поздраво. Заштеда е и откажувањето од пушење.
Заштеда на енергенти Може да биде голема. Штедливи светилка, двотарифно броило, преминување на поевтино греење.
Претплати и трошоци за телфонирање Апсурдно е трошоците за телефонирање да бидат поскапи од струјата или гасот, решение е преминување на поевтин тарифен модел, промена на операторот или пакет производи.
Размислете дали можете да ги зајакнете приходите Дополнителна работа или хоби можат да станат вносни. Размислете што знаете да работите и – почнете.
Не си играјте, даноците сфатете ги сериозно! Ако вашата работа е во сивата зона, лесно може да се случи заработката да ви се претвори во загуба. Не си играјте со Министерството за финансии и со даноците – на тоа падна дури и Ал Капоне. Па, да се видиме на исто место, во вакво време догодина и да провериме колку советите помогнале. Секако, ако сте се држеле до нив
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.