Ноќеска е искршено стакло на штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, информираат од кавадаречката полиција.
– Во временскиот период од 22:00 часот на 18.11.2016 година до 09:00 часот на 19.11.2016 година, на ул.„Пиринска“, од страна на непознат сторител било скршено стакло од канцеларијата на ПП-ВМРО-ДПМНЕ, која е сместена во просториите на Месната заедница „Задругар“, соопштија од полицијата.
Надлежни екипи вршат увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.