| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила

Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила, таксистите денеска се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, командирот на кавадаречката полиција и стручни лица од локалната самоуправа.

– Се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и унифицирањето на такси возилата, паркинг места за такси возила и решавање на проблемот со таканаречените диви таксисти, информираа од кабинетот на Јанчев.

Според заклучоците, до крајот на оваа недела ќе се обележат сите паркинг места за такси возила и ќе се постават знаци на местата каде недостасуваат. Обележаните места за овие возила ќе бидат слободни и секогаш ќе се користат исклучиво  за такси превозниците. Се со цел да се воспостави ред, ќе се вклучи и кавадаречката полиција со засилени контроли.

– За да се реши проблемот со „дивите“ таксисти, локалната самоуправа и полицијата апелираат до граѓаните и такси превозниците кои регуларно вршат превоз на патници, да ги пријават нелегитимните превозници на бројот 192, нагласуваат од градоначалничкиот кабинет.

На таксистите им бил презентиран и новиот предлог брендинг на автомобилите, се со цел да се изврши унифицирање на автомобилите. Такси компаниите и превозниците имаат рок до крајот на август да ги унифицираат автомобилите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top