| четврток, 6 декември 2018 |

МВР формира оперативен штаб, ќе следи и кој утре ќе снима и фотографира

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.
– Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја – стои во апелот на МВР.
Наведува и дека согласно со стандарните процедури, во Министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да презема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top