Најдобриот светски тенисер Енди Мареј ја постигна и третата победа во групата „Џон Мекинро“ на Мастерсот во Лондон. Тој попладнево со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) го совлада Стан Вавринка, кој по овој пораз ги загуби шансите за пласман во полуфиналето.
Мареј го освои првото место во групата, а втор е Кеи Нишкиори без разлика на исходот од мечот што вечерва од 21 часот го игра против Марин Чилиќ.
Мареј во полуфиналето утре ќе игра против Милош Раониќ, а во второто полуфинале ќе играат: Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.