Енди Мареј нема да настапи на претстојното издание на УС Опен.
По болката на колкот на последните тренинзи Мареј реши сепак да не биде дел од овој силен тунир.
– Зборував многу со специјалистот за повреди на колкот со кој се консултирав, имав специјални терапии. Сепак, на крајот чувствувам болка поради која ќе немам шанси да се борам за трофејот, а не гледам поента да играм кога не сум подготвен и не можам да станам шампион – изјави Мареј.
Тој дополни дека во следните денови ќе одлучи дали воопшто ќе се врати на терените до крајот на оваа година или ќе земе пауза како што тоа го сторија Ѓоковиќ, Вавринка и Нишикори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.