Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат, смета аналитичарот Никола Србов по настапот на лидерот на СДСМ пред албанската дијаспора во Берн, каде што посочи дека треба да се оди „преку Рамковниот договор“.
-Ова е чисто уривање на Рамковниот договор. Господинот Зоран Заев е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор – вели Србов за „ТВ Нова“.
-Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија – рече Србов.
Србов е дециден дека Заев директно ја поткопува државноста на Република Македонија со ваквите изјави и со ваквиот тип политика, ловејќи албански гласови.
-Уставот и државноста се поткопани од страна на господинот Зоран Заев – заклучува Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.