| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанец со нож нападнал вработен во „Никоб“

noz

Педесет и тригодишен струмичанец од непознати причини на двапати со нож нападнал вработен во агенцијата за обезбедување „Никоб“. Првиот пат се заканувал, а вториот избодел еден од вработените и тоа во присуство на полицајци.

СВР Струмица јави дека вчера во 21 часот  Б.Д., вработен во агенцијата за обезбедување „Никоб“, пријави дека истиот ден, додека вршел обезбедување на објектите „Мај маркет“ во Струмица, бил физички нападнат од М.У.(53) од Струмица, кој со нож му упатувал закани на Б.Д., по што заминал во неговиот дом.

Откако на самото место пристигнале полициски службеници, М.У. повторно дошол носејќи на појасот повеќе ножеви, а при обид да биде легитимиран, со нож замавнувал кон присутните, а во еден момент го повредил С.Т., вработен во Агенцијата за обезбедување, нанесувајќи му убодна рана во пределот на ногата. М.У. е приведен во СВР Струмица за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top