Македонскиот репрезентативен голман, Давид Митов Нилсон после повеќемесечна пауза, конечно се врати на тренинзите на својот клуб. Тој во април оваа година заработи скршеница на потколеницата на левата нога, но после долг рехабилитациски процес започна со лесни тренинзи со својот Норчепинг.
– Навистина чувството е одлично. Малку е чудно, што после речиси седум месеци допрев топка. Сè уште не сум потполно подготвен, но во наредниот период напорно ќе работам и едвај чекам да се вратам меѓу стативите – кратко истакна Нилсон.
Ова секако е одлична вест и за нашиот селектор Игор Ангеловски, кој на изминатите квалификациски натпревари промени неколку голмани, но без ефикасност. Македонската репрезентација прими 11 погодоци на четири квалификациски натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.