Скопјанец во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Карпош пријавил дека на 15-ти месецов неговата ќерка се здобила со скршеница на рамото поради тоа што додека била на училиште врз неа паднал прозорец.
Според пријавата, додека 11-годишна ученичка била на час во училиште, наставничката се обидела да го отвори прозорецот од училницата, но истиот се откачил и паднал врз девојчето, кое седело до прозорецот и притоа ја удрил во левото рамо.
По завршувањето на часовите, кога дошла дома таа се пожалила на болки во левото рамо и по прегледот во Градската општа болница „8-ми Септември“ констатирана ѝ била скршеница на коска на рамото.
извор: Makfax
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.