| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј: Моја задача е да му ја отежнам работата на Ѓоковиќ

gokovic i marej

Најдобриот тенисер на светот, Енди Мареј е задоволен од победата над Нишикори во второто коло од завршниот Мастерс турнир, нагласувајќи дека лесно можел да биде поразен. Тој додаде дека сè може да се случи помеѓу него и Ѓоковиќ и негова цел е да му направи тешкотии на српскиот тенисеr.

– Важно е што победив. Добро влегов во третиот сет, се борев со Нишикори до самиот крај и можев да го решам мечот во два сета, но и притивникот имаше свои шанси и во одреден дел од мечот го диктираше темпото. Сè би можело да се случи помеѓу мене и Новак Ѓоковиќ. Што се однесува до мене, треба да се концентрирам на победите и да му ја отежнам работата на Новак ако сака да ме мине  на ранг листата, истакна Мареј

Во петок се игра последното коло од групната фаза, а Мареј ќе се соочи со Станислас Вавринка, додека пак Нишикори го чека пресметка со Чилиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top