Новак Ѓоковиќ имаше добра причина да победи на денешниот дуел против Давид Гофан, не поради резултатско значење, туку поради новите 200 бодови кои и тоа како можат да значат за изгледот крајниот изглед на АТП листата по завршниот Мастерс турнир.
Српскиот тенисер не му даде никаква шанса на Белгиецот кој денеска настапи на Мастерсот во Лондон како замена за повредениот Гаел Монфис, комплетно доминирајќи од првиот до последниот поен од мечот.
Ѓоковиќ загуби вкупно три гема во двата сета кои траеја едвај 70 минути (6:1 и 6:2), и се погрижи да влезе во добар ритам во полуфиналето во кое за противник ќе го има вториот од групата во која се наоѓа Мари, а чија разврска ќе ја дознаеме во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.