| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Карпош го затвори „Сокаче“

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош со асистенција на полицијата денеска го запечати угостителскиот објект „Сокаче“.
Како што информира Општина Карпош, затворањето е поради девет мерења и константно надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, како и постојаните поплаки од граѓаните.

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош почнал постапка и извршил инспекциски надзор на 14, 15 и 16 јануари годинава, како и мерење во ноќните часови на ниво на бучава од угостителскиот објект „ШПАТО СОКАК“, лоциран на улицата „Драган Ѓаконовски –Шпато“ бр.3 за кои има и записник. Мерењата ги извршувала фирмата „ЕУРОМАК КОНТРОЛ“ од Скопје. При повторна пријава од граѓаните, извршени биле мерења на ниво на бучава на 29 и 30 јануари, како и во два наврати во февруари и март годинава.

– При сите девет мерења во изминатиот период, согласно законската регулатива, овластен инспектор за животна средина доставуваше прекршочни платни налози за сторен прекршок во висина од 225 евра за правниот субјект и одговорното лице 67,5 евра. Тие беа испраќани и примени од правниот субјект, но во законскиот рок од осум дена не беа платени – се вели во соопштението од општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top