Тим научници предупредуваат дека големите сеизмички настани, вклучувајќи ги и вулканските ерупции, покачувањето на глобалната температура и дестабилизацијата на земјината кора ќе станат почести, зашто се случуваат загрижувачки промени на површината на Сонцето.
Ова би можело да потрае 15 години додека соларната активност да се врати во нормала. Со екстремни временски услови и ниски температури ќе се бориме сѐ до 2035 година.
Ова предупредување ги разбесни активситите за животна средина, кои тврдат дека до 2030 г. светот ќе се соочи со зголемено ниво на морињата и со поплави поради топењето на мразот на половите.
Соларната активност, која се мери преку појавувањето н сончевите пеги, е во пад во поголема мера отколку кога и да било во историјата. Сонцето сега е без пеги, првпат во пет години по 21 ден на минимална активност која е забележана во текот на 2016 година. Затоа научниците наведуват дека светот јуриша кон историски соларен минимум. Овој феномен ќе донесе екстремно студено време во Европа и Северна Америка и покрај јужната хемисфера која влијае на Нов Зеланд и делови од Јужна Америка.
Главната закана во Британија е заканата да се повтори мини леденото доба од 1600-те години кога дошло до толку остри зими што реката Темза била целосно замрзанта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.