| четврток, 6 декември 2018 |

Се изначитавме за Меланија, но вистинска фаца е дедо ѝ

Словенија би можело да биде домаќин на историската средба на рускиот и новоизбраниот американски претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп. Оваа информација ја изнесе рускиот пратеник Вјачеслав Николов, кој истакна дека поранешната југословенска држава, родната земја на првата дама на САД Меланија Трамп, би можела да биде домаќин на историската средба, бидејќи улогата на посредник меѓу претседателите на САД и Русија би можело да ја одиграат семјените врски, пренесува СТА. Словенечката агенција наведува дека претседавачот на Комитетот за образование и наука на руската дума рекол дека тоа се однесува на Меланија Трамп, но и на нејзиниот дедо, кој во партизанските единици во белоруските шуми се борел против нацистичката војска на Адолф Хитлер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top