Фени Индустри во рамките на 5. коло од БИБЛ лигата го победи Карпош Соколи со 85-70. По денешната победа Фени Индустри има скор 3-2, за разлика од Карпош Соколи, кој има негативни 1-3.
Во првата четвртина се играше цврсто и со малку кошеви, па на малата пауза кавадарчани заминаа со предност од +2 (17-15). До одморот домаќините го диктираа темпото, имаа и +10 (30-20), но кошаркарите од Скопје се вратија и на полувреме заминаа со негатива од само -1 (40-39).
По одморот избраниците на Малинков, повторно беа подобар противник и по поените на Петковски поведоа со +13 (60-47). „Соколите“ повторно со упорност и носени од Соколов и Лабовиќ на стартот на последната четвртина намалија на само -3 (65-62). Но, тука и како да застанаа, па кошаркарите на Фени Индустри во фуриозен финиш славеа убедлива победа од 85-70.
Најзаслужен за денешната победа на Фени Индустри беше Павиќ со 20 поени, а Кирил Николовски запиша 18 поени. Во поразениот тим на Карпош Соколи Дарко Соколов запиша 15 поени, а Лабовиќ 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.