Кошаркарите на МЗТ Скопје во натпревар од петото коло од Еврокупот во салата „Јане Сандански“ беа поразени од литвански Лиеткабелис со 80-87.
Гостите првата четвртина ја добија со еден поен предност, 20-21. Со една долга серија кошаркарите на Лиеткабелис на стартот на втората четвртина стигнаа до 13 поени предност, 20-33. Тоа водство подоцна се зголеми на 16, 28-44. МЗТ на полувреме замина со негатива од 14 поени, 32-46. Повторно гостите отворија фантастично на стартот и стигнаа до најголемото водство на натпреварот, 24 поени, 32-56. До крајот на третата четвртина кошаркарите на МЗТ го намалија водството на литванскиот клуб на 13 поени, 49-62. Во последната четвртина МЗТ пополека ја намалуваше големата негатива, а најмногу што направија беше четири поени, 80-84.
Леонавичиус го предводеше литванскиот клуб до победа со 19 поени на денешниот натпревар. Лукаускис додаде 16 поени. Стефан Синовец и Даниел Кларк беа најефикасни во тимот на МЗТ со по 20 поени. Хавиер Темс додаде 16, а двоцифрени натпреварот го завршија и Џош Скот(12) и Сулејман Диабате(10).
МЗТ во следното коло игра во Хрватска против Цедевита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.