| четврток, 6 декември 2018 |

Даер нема да му прости: Нека не ми се извинува, ќе се видиме наскоро

daer

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер по завршувањето на вчерашниот пријателски меч помеѓу Англија и Шпанија, го обвини Андер Ерера дека го удрил со лакт во лицето без никаква причина. Англичаните не успеаја да го сочуваат водството од 2-0 и на крајот на мечот примија два гола за конечни 2-2.

Играчот на Манчестер Јунајтед вчера го имаше своето деби во шпанскиот дрес, а беше обвинет дека во инцидент без топка, намерно го удрил младиот Даер.

– Воопшто не ми е проблем ако добијам удар во воздушен дуел или ако ја имам топката, навикнат сум на цврста игра, но ова се случи многу подоцна. Ерера ме удри во лакт во лицето без никаква причина, обвини Даер.

Екипата на Тотенхем гостува на Олд Трафорд на 11 декември, па Даер му порача на Шпанецот дека го очекува одмазда.

– Нема потреба да ми се извинува, ќе се видиме многу наскоро, завршил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top