Врнежи од снег вечерва се бележат на планинските предели во Западна Македонија. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на Маврово, а слаби снежни врнежи има и на Пелистер.
На Попова Шапка веќе има неколку сантиметри снег, а ниските температури деновиве не дозволуваат тој да се стопи.
Снегот се задржува и на Маврово но се уште има површини кои не се покриени.
На ниту еден од скијачките центри се уште нема услови за зимски спортови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.