
Зоран Заев попладнево (09.11.2016) ја посети Американската амбасада во Скопје за да ја смени изјавата која ја даде на самиот ден на изборите во САД во интервју на ТВ 24 Вести.
Заев на неколку часа пред затворање на избирачките места во Америка, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 Вести изјави: „Ние навиваме за демократите и се надеваме дека за прв пат САД ќе добијат жена за претседател“.
Откако утрово во траорна атмосфера помина настанот во хотелот „Александар палас“ по повод претседателските избори во Америка организиран од Амбасадата на САД во Македонија, Зоран Заев замина на партиски консултации во седиштето на Бихаќка. Неколку часа подоцна тој замина према Кале во седиштето на Амбасадата во Скопје и таму даде изјава за медиуми.
„Видете, значи не е точно дека ние бевме за Хилари Клинтон. Да, имаше една таква изјава дека навиваме за демократите и дека Зоран Заев сакал да има жена претседател во Америка, но јас не сум знаел дека Доналт Рамп не е жена. Значи јас на Доналт Рамп мислев кога кажав дека сакам жена да е претседател, а кога кажав дека сме за демократите мислев дека сме за републиканците, бидејќи и републиканците се демократи. И навистина се шокирав кога ме обвинија дека сум за Хилари, таа е лоша и добро е што загуби. Срам да ти е Хилари! Тоа што си го направила со мејловите што е аферата ќе видиме со една пријателка која има Специјално Јавно Обвинителство отворено, да го истраже и да го отворе случајо Тртење и да истражи па да завршиш во затвор Хилари“, изјави Заев кој пред амбасадата на САД дојде со плава перика и маичка со ликот на Трамп.
Тој додаде дека сепак за да ги спречи неточните гласини дека СДСМ и тој навивале за Хилари Клинтон и се надевале на нејзина победа, за секој случај дошол во Американската амбасада за да ги расчисти работите.
„Вака значи дојдов тука, каде што сме, јас како лидер на опозицијата во Македонија за да ја сменам поточно појаснам изјавата која ја дал Зоран Заев синоќа на телевизија дека навива за Хилари Клинтон и сака Хилари да е претседател на Америка“, рече Заев.
„Тоа не е точно, и да било, веќе не е така. И сакам новиот претседател на Америка господино Доналт Рамп да биде убеден дека јас сум за него, значи Заев е толку за него што дури и сакав да гласам за него. Абе седам дома така синоќе, гледам изборите, како луѓето си избират и си викам „Мале мале Зоки, вииш како убаво си избират луѓето на фер демокрацки избори“. Абе една милина кога ме опфате. Па го слушах како говоре човеко Рамп и така убаво ми дојде кога кажуваше дека ќе ги укине соросовите невладини значи алал да му е. И како ќе ја промени надворешната политика на Америка дека ќе се фокусира на внатрешната политика, а не на малите земји како нас. Абе солзи ми течеја од радос и восхитенос! И морав да гласам за него, морав. И излеваф од дома, но за жал не беше отворено ниту едно гласачко место во Струмица, а баш се прошетав да проверам ако може да гласам за господино Рамп“, рече Заев.
„Значи ние, Зоран Заев и СДСМ сме за Рамп од праисторијата, од нашите прадедовци до денес и секогаш сме биле и секогаш ќе сме за господинот Долант.. Доналт Рамп бидејќи тој е еден џентлмен и многу јак господин и поради што има жена југословенка а ние сме како што се знае наследници на Комунистичката партија што значи да не бевме ние на Меланија Рамп немаше да има аеродроми кој да и направе од коишто ќе летне за Америка за да се сретне со Доналт и тој немаше да биде Претседател и тој треба тоа да го знае“, изјави Заев.
Додаде дека планира инвестициски циклус кој ќе ја прослави победата на Трамп во Америка.
„Во Струмица ќе ставејме споменик на Доналт Рамп, значи или нов ќе направејме, или на тај шо е на некој си… како се викаше… Гоце Делчев кој никогаш не е бил прецедник на Америка, значи неважен, ќе му ставеме плава перика и ќе го облечејме подобро и ќе си е саа на Доналт Рамп, шо. Еми ние, јас Зоран Заев и СДСМ и Струмица секогаш сме велејле дека сме за господино Рамп“,заврши Заев.
После изјавата Заев најави дека и на карневалот во Струмица ќе се маскира во Доналд Трамп, а неговата сопруга во Меланија Трамп, за барем на карневалот во Струмица да се почувствуваат како победници на избори.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


