Белгиската војска се судрила со полицијата за време на протестите организирание заради подигнување на старосната граница за пензија. Според извештаите околу 8.500 војници и војни службеници протестирале во центарот на градот. Во еден момент демонстрантите почнале да фрлаат гасни бомби и петарди кон полицијата, која возвратила со водени топови.
Минатиот месец белгиската влада најави дека ќе ја покачи старосната граница за пензионирање за војската на 63, од актуелните 56 години старост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.