| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер во Турција се сретна со Ердоган

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска разговараше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, за време на посетата на Анкара, што се реализира во момент на тензии во билатералните односи, пренесоа турските медиуми.

На средбата во претседателската палата на Ердоган присуствуваше и турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.

По разговорот не се дадоа никакви изјави, информира турската редакција на Дојче веле.

tvit-germanijaПретходно денеска Штајнмаер имаше одделни средби со својот турски колега Чавушоглу и со турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Посетата се реализира во период на затегнати односи меѓу двете земји.

На заедничката прес конференција со својот турски колега Штајнмаер призна дека разговорот не минал лесно, но заблагодари за тоа што  бил отворен и чесен.

stajnmaer-turcijaШтајнмаер, исто така, изрази надеж дека односите меѓу двете земји наскоро „ќе се вратат во претходната состојба“.

Чавушоглу, од своја страна, изјави дека Турција веќе е заморена од навредливиот однос и двојните стандарди, кои, според него, Европската Унија ги применува кон Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top