| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец- измамник зел 20.000 евра за да ги „исклучи камерите во затвор“

Тетовец измамил жител на липковското село Отља за 20.000 евра, ветувајќи дека ќе му го ослободи синот од затвор.

Н.М.од Тетово, на ќерката на измамениот, се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје, кој има пријатели во затворот и судот, кои можат да ги исклучат камерите за да роднините го посетат затвореникот. Девојката го пренела раговорот на таткото Н.Б.(68) од с.Отља, кој прифатил да се види со полицаецот.

По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Тој побарал 20.000 евра, кои му ги дале.

Кога отишле во посета на затвореникот тој има кажал дека не го посетил платениот адвокат. Таткото и ќерката неколку пати се обиделе да го добијат Н.М., но безуспешно.

Кога им се јавил телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра и го пријавиле случајот во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top