Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски во јануари заминува од редовите на белградска Црвена звезда.
Бабунски воопшто не доби соодветна шанса за докажување на своите квалитети по доаѓањето во црвено-белите редови поради што сѐ поизвесно е дека ќе го напушти актуелниот шампион на Србија. Дополнителен проблем за македонскиот фудбалер е и финансиската ситуација во Црвена звезда, и односот на шефот на стручниот штаб, Миодраг Божовиќ, кон Бабунски.
По неколку отворени интервјуа на Бабунски за српските медиуми, репрезентативецот дополнително падна во немилост кај Божовиќ, по што сега е комплетно во втор план.
Како што е познато, од претходно се активни шпекулациите дека Динамо Загреб е заинтересиран за услугите на Давид Бабунски, но според последните информации има интерес и од неколку клубови од Унгарија и од Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.