| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Мареј лесно и убедливо го совлада Марин Чилиќ

endi-marej

Енди Мареј со победа го стартуваше својот настап на АТП шампионатот во Лондон, првиот турнир на кој британскиот ас настапува како прв светски рекет. Тој за ривал го имаше Марин Чилиќ, лесно успевајќи да го скрши отпорот на хрватскиот тенисер за победа од 6-3, 6-2. Мареј набрзина поведе со 2-0 во првиот сет, следеше рибрејк на Чилиќ, но Хрватот веќе во следниот гејм повторно го загуби сервисот. Првиот носител искусно го доби првиот сет со 6-3, за потоа да ја искористи несигурноста на сервисот на својот противник, па со два нови брејка да стигне до убедлива победа, дури дваесетта во низа за Мареј.

Претходно, во првиот дуел што беше денеска на програмата во „О2 Арена“ во Лондон Кеи Нишикори рутински го совлада Стен Вавринка со 2-0 во сетови. По израмнетите 2-2 на стартот Јапонецот освои четири гејма во низа и триумфираше во првиот сет. Слични беа случувањата и во вториот сет, кога Вавринка при резултат 2-2 му дозволи брејк на противникот, кој на крајот славеше со 6-3.

Утре се на програмата мечевите од второто коло во другата група. Монфилс во 15 часот ќе се сретне со Тием, по што Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top