Јелена Карлеуша во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ откри шокантна ситуација.
Додека еден натпреварувач ја пееше песната „Кафанска певачица“ на Сејо Калач, Јелена на изненадување на сите откри дека пејачот спиел во нејзиниот кревет.
Аца Лукас тоа не можеше да го слуша, па дури излезе од студиото.
-Да ви објаснам, тоа е најголемата перверзија на сите времиња. Ми тропа некој на вратата, отворам и Сејо вели: „Јелена дојдов да се поздравиме, настапот беше одличен“. Не го прашав од каде му е бројот на мојата хотелска соба. Тој влезе и додека ги средував работите, легна на мојот кревет и заспа, изјави Карлеуша, која додаде дека го напуштила хотелот пред Калач да се разбуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.