Али Ахмети, лидерот на ДУИ, е „замрзнат, сега треба да се ‘шалта’, ја анализира Мирка Велиновска домашната политичка сцена по американските избори. За можните комбинаторики по изборите во Македонија за идна влада на ВМРО-ДМНЕ, ДУИ и ДПА, Велиновска вели- веќе не може ДУИ од други причини.
-Турците замешаа прсти. ДПА и БЕСА во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Единствено ограничување од лидерот на БЕСА што го барал, наводно, Ердоган е да не се плеткаат веќе во Македонските работи и да ги ‘закашкуваат’ односите, бидејќи не се 20 проценти, напротив утврдени се, 7,3 проценти се Турци, скоро 16 проценти се Албанци во Република Македонија- вели Велиновска во емисијата „Во центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.