| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо го чини Манчестер дополнителни 62.000 евра за сместување

zoze-murinjo

Жозе Мурињо потпиша со екипата на Манчестер Јунајтед за годишна плата од 13 милиони, но сепак престојува во хотел. Во договорот со екипата, Португалецот има клаузула да му биде платен престојот во луксузниот хотел, кој досега ја чини екипата 62.000 евра што значи на годишно ниво тоа е повеќе од 150.000 евра.

Според неговите зборови не сака да купи куќа поради тоа што не знае да готви, а неговата сопруга и натаму живее во Лондон. Тој досега поминал 170 дена, а една ноќ во хотелот го чини клубот 370 евра. Но, тој не е единстениот кој престојува таму и кому клубот му го плаќа престојот. Таму се и Погба, Бејли и Михтарјан, за кои „црвените ѓаволи“ одвоија 190 милиони евра плус платен хотел во Манчестер.

Португалскиот стратег има лош старт на сезоната во англиската Премиер лига, а од него се очекуваше да ја врати екипата на победничките патеки. Тој бара трпение од незадоволните навивачи, а со оглед на неговата работа во втората година во екипите кои ги предводел, добрите денови за Јунајтед се очекува ќе пристигнат веќе од наредната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top